Хамас соопшти дека борбите биле најжестоки во центарот на Газа, а сведоци пријавиле смртоносни израелски напади на југот на територијата.
Агенцијата Франс прес објави дека нападите вчера биле насочени кон јужниот главен град на Газа, Кан Јунис, кој сега е во центарот на борбите, како и на Рафа, град на границата со Египет, каде што десетици илјади луѓе бараат засолниште.
Некои од најжестоките борби во повеќе од два месеци судир се случија во текот на викендот, додека израелските одбранбени сили се обидувале да ја консолидираат контролата врз урбаните центри во северниот дел на Газа и ги прогонувале лидерите на Хамас во срцето на најголемиот град на југ, Кан Јунис.
Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, изјави доцна во понеделникот дека „Хамас е на работ на пропаст, а ИДФ ги зазема своите последни упоришта“.
Центар за обука на Хамас е откриен во џамија во градот Газа, тврди Израел.
Од ЦОГАТ, единица во израелското Министерство за одбрана, информираат дека пронашле центар за обука на РПГ во Шуџаија.
„Какво сквернавење на свето место од страна на таканареченото исламско движење“, објавија тие на „X“ (поранешен Твитер).
Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, прашан за извештаите дека Израел користел бел фосфор во Либан одговори дека ИДФ постапува во согласност со меѓународното право.
„ИДФ дејствува според меѓународното право. Така постапувавме и така ќе постапуваме“, рече тој.
САД денеска соопштија дека се загрижени поради извештаите за наводното израелско користење на бел фосфор во Либан.
На конференцијата за новинари Галант рече и дека Израел нема намера трајно да остане во Газа.
Тој истакна дека Израел е отворен да разговара за какви било алтернативи во врска со тоа кој ќе ја контролира Газа, се додека таа не е непријателски настроена кон Израел. За размената на прекуграничниот оган со либанскиот Хезболах, посочи дека Израел е отворен за можен договор со таа група доколку вклучи безбедна зона долж границата и гаранции дека нема да има вакви и слични инциденти.
(Фото: Мохамед Абед / АФП)







