Во Британија најголем број заразени од јули до сега

LinkSense.mk

Велика Британија во понеделникот извести за најголем број нови случаи на заразени со корона вирус нво последните три месеци, со стапка на новозаболени од ковид-19 последен пат забележана за време на локдаунот во Англија изминатово лето.

Бројот на новозаразени во Британија моментно е значително поголем отколку во другите западноевропски држави, со 60 проценти пораст на нови случаи на болеста во текот на изминатите триесет денови.

Според службените податоци, вкупно се 49.156 новозаболени, во споредба со 45.140 колку што имаше во неделата, што воедно е највисок дневен биланс од 17 јули годинава.

Последните мерки како заштита од пандемијата Британија ги укина на 19 јули, кога на баровите и рестораните им беше дозволена работа со полн капацитет, а своите врати ги отворија и ноќните клубови.

Бројот на нови случаи заболени со ковид-19 континуирано расте од кога пред еден месец почна новата школска година, со тоа што студиите покажуваат дека заразата продолжува да се шири меѓу децата и покрај падот на бројот на заразени меѓу возрасната популација.

Меѓутоа, со повеќе од две третини потполно вакцинирани возрасни лица, тоа драстично ја редуцираше опасноста од хоспитализирање и смртни случаи.

Бројот на починати од последици од зараза со корона вирус во Британија е меѓу најголемите во светот, со повеќе од 138.629 досегашни жртви.

(Фото: ЕПА)