Во Врање досега се вакцинирани 10.390 македонски граѓани

Во Врање досега со првата доза вакцинирани се 10.390 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 4.179 наши државјани, јавuva МИА.

Според податоците на сајтот на Здравствениот центар во Врање, до 2 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини изнесува 68.548.

Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Србија со првата доза е 27.291, бројот на вакцинирани граѓани на Македонија со првата доза е 10.390, додека бројот на вакцинирани граѓани на Босна и Херцеговина е пет граѓани.

Бројот на вакцинирани граѓани на Србија со втора доза е 26.678, бројот на граѓани на Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 4.179 и пет државјани на Босна и Херцеговина.

Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, додека помал број ја добиле вакцината на „Фајзер“.

 

 

(Фото: МИА)