Во Германија најмногу смртни случаи од коронавирус за еден ден–952 лица

Во Германија во изминатите 24 часа од коронавирус починаа 952 лица, што е најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата, покажуваат последните податоци на институтот „Роберт Кох“.

Од почетокот на пандемијата во Германија починаа вкупно 23.427 лица.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во земјата се зголеми за 27.728–на 1.379.238.