Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент попладнево ќе го разгледа нацрт-законот за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на парламентот Никос Вуцис претходно ќе одржи состанок со потпретседателите за да се одреди парламентарната процедура, односно колку состаноци ќе одржи комисијата и кога ќе биде закажана пленарната седница Нацрт-законот во саботата беше доставен до грчкиот Парламент, а се очекува да се изгласа до петок.







