Во Загреб отворен хостел кој нуди ноќевање во – космонаутски капсули

Во центарот на Загреб почна со работа првиот футуристички хостел „Сабспејс“, кој на своите гости им нуди ноќевање во капсули слични на свемирските.

Необичниот хостел се наоѓа во улицата „Никола Тесла“, а станува збор за прв таков хостел на подрачјето на Европската унија.

Во него се наоѓаат 20 еднокреветни капсули кои се долги два метра, а широки 1,2 метра.

hostel-zagreb-2

Во секоја капсула се наоѓаат андроид монитори на кои туристите ќе можат да сурфаат, имаат сеф за пари и документи, огледало и УСБ полнач.

Цената за сместување е меѓу 25 и 35 евра, малку повеќе од стандардните хостелски цени во Загреб.

hostel-zagreb-3

Сопственик на хостелот е Хрвоје Крлиќ, кој во 1996 година го отвори првото интернет кафе во Хрватска.

Освен по сместувачките единици, „Сабспејс“ хостелот е единствен и по тоа што на ѕидовите академскиот сликар Томислав Бунтак нацрта ѕвезди и сиѕвездија кои се видливи единствено под ултравиолетово светло.

Вкупната вредност на инвестицијата е околу два милиона куни или близу 260 илјади евра.

Идејата за ваков тип на сместување доаѓа од Јапонија, каде поради недостаток на простор уште во 1980 година почнаа да отвараат хотели со капсули за ноќевање.