Во Индија повеќе од 200 илјади починати од Ковид-19

Досега во Индија се регистрирани 201.187 смртни случаи од Ковид-19, соопштија индиските власти.

Нов бран на инфекцијата погоди густо населени градови и рурални области, а здравствениот систем во земјата е пред колапс. Во последните 24 часа се регистрирани 3.293 смртни случаи.

Министерството за здравство објави дека вкупниот број на заразени е поголем од 17,9 милиони, со нови 362.757 инфекции во изминатите 24 часа.