Во Индонезија загинаа најмалку 34 луѓе во силниот земјотрес

– Во земјотресот со интензитет 6,2 степени според Рихтеровата скала што утрово го погоди индонезискиот остров Сулавези загинаа најмалку 34  луѓе, а околу 600 се повредени. Поради силниот земјотрес околу 2.000 луѓе од провинцијата Западно Сулавеси беа принудени да ги напуштат домовите.

Епицентарот на земјотресот бил на шест километри североисточно од градот Мајене, на длабочина од 10 километри.

По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами, но сеизмолозите предупредија дека посилни секундарни потреси би можеле да предизвикаат големи бранови.

Досега регистрирани се 25 секундарни потреси.

Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето, оштети мостови, домови, а во прекин е и снабдувањето со електрична енергија.