Во Канада уапсени 100 мажи поради детска проституција

Полицијата на канадскиот град Торонто соопшти дека повеќе од сто мажи се уапсени поради „купување деца за проституција“.

Полицијата соопшти дека до апсењето дошло после операцијата на тимот за борба против трговијата со луѓе.

Не се објавени детали за уапсените, ниту пак полицијата ги изнесе нивните обвиненија.

Истражителите во текот на денот ќе објават дополнителни информации за овој случај.