Во Кашмир бунтовници влегле во индиска воена база, најмалку 17 загинати

Бунтовници кои се борат против индиското владеење во регионот на Хималаите, во Кашмир, влегоа во индиска воена база, после што избил вооружен судир во којшто загинаа најмалку 17 војници и тројца бунтовници, соопштуваат официјални лица во Њу Делхи.

Во исто време во другиот дел на Кашмир индиските гранични сили наишле на тројца осомничени екстремисти кои, наводно, прешле од Пакистан во Индија, што исто така предизвикало вооружен судир во кој тројцата биле убиени, наведуваат паравоени лица.

indija-2

Насилството избило после петдневно затишје во судирите меѓу индиските и пакистанските војски поради спорната област Кашмир, на која и двете земји полагаат право.

Индија претходно го обвини Пакистан дека им помага на екстремистите со вооружување, давање обука и логистичка поддршка.

indija-3

Бунтовничките групи од 1989 година се борат делот од Кашмир со повеќето муслиманско население да добие независност или да се присоедини кон Пакистан.