Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВО КЛИНЧ СО ОГНОТ: Канадерите во борбата против медитеранските пожари
Автор

ВО КЛИНЧ СО ОГНОТ: Канадерите во борбата против медитеранските пожари

август 3, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Ги слушам канадерите пред да ги видам. А, кога ќе ги видам, знам дека пожарот е некаде многу блиску“, вели Адријана.

Таа живее во Терасини, во близина на главниот град на Сицилија, Палермо.

Тоа е прекрасен дел од островот – цел во стрмни ридови зад белите карпести брегови кои се фрлаат во длабокото синило на Медитеранот.

Но, како и поголемиот дел од јужна Европа, Сицилија, со својот нерамен пејзаж, чворестите маслинови дрвја и се полошата суша, подеднакво е подложна на пожари колку што е живописна.

Кога ќе избувне пожар, тој брзо се шири низ долините, полињата и шумите.

Таквите области, до кои е тешко да се дојде дури и во најдобро време, стануваат целосно изолирани кога ќе се појави оган.

„Само авиони за гаснење пожари можат да нè смират кога ќе почне да се распламтува оган“, вели Данијела Арфусо, градоначалничката на Кардето, село на врвот на ридот во бескрајниот калабриски национален парк Аспромонте.

Виталната улога на амфибискиот канадер посебно дојде до суров израз пред една недела кога двајца пилоти загинаа додека се бореа против огнената стихија на грчкиот остров Евија.

Грчката телевизија прикажа снимка од канадерот како лета ниско за да испушти вода на огнот пред нагло да се сврти и да удри во падините и да се запали.

Пилоти беа триесет и четиригодишниот командант Христос Мулас и неговиот копилот дваесет и седумгодишниот Перикле Стефанидис.

Тие се прогласени за херои, а грчкиот парламент донесе одлука нероденото дете на Мулас да биде издржувано до 25-годишна возраст, што беше пропратена со аплауз од пратениците.

„Тоа е многу тешко да го види секој професионалец, но особено екипаж на канадер. Не нема толку многу и сите, повеќе или помалку, се познаваме, тоа е помалку како братство“, вели Ѓулио Фини, командант на канадер и генерален директор на „Авинсис Италија“ (Avincis Italy), компанија за пружање авионски услуги во вонредни ситуации, која управува со италијанската флота на канадери.

„Кога ќе видиме сцени како што беше падот на авионот во Грција, се замислуваме во кожата на тие пилоти, исто како и нашите семејства. Истовремено, тоа не мотивира да научиме да избегнуваме несреќи, да се усовршуваме од технички аспект.

Канадерите работат така што собираат вода од езеро или море и ја исфрлаат над огнот.

Исклучително се ефикасни – потребни им се само 10 до 12 секунди за да соберат 6.000 литри вода. Можат да изведат до 48 испуштања на вода за три часа.

И се од клучна важност во области како што е медитеранскиот басен, каде што аеродромите се ретки, а се работи за тип на територија која не им дозволува на огромните авиони да оперираат.

А, сепак, направени се само 220 канадери, откако за прв пат беа лансирани во 1969 година.

Во 2015 година нивното производство беше запрено – производителот за тоа најде оправдување во немањето нарачки.

За само неколку години, меѓутоа, стана очигледно дека сè посувите и пожешките европски лета ќе бараат зголемен потенцијал за гаснење пожари.

Производството продолжи во 2022 година, кога шест јужни земји на Европската унија дадоа нарачки за 22 нови авиони.

Потоа, на почетокот на овој месец, ЕУ – која моментално изнајмува авиони од поединечни земји – рече дека ќе купи дополнителни 12 канадери, иако тие нема да бидат достапни пред 2027 година.

Италија има една од најголемите флоти на авиони од ваков тип во светот. Составена е од 18 летала и 100 пилоти.

Еден од ретките центри за обука на пилоти на канадери се наоѓа во близина на Рим, а единствениот симулатор за летање на канадери е во Милано.

И така, можеби против својата волја, Италија стана центар за стручност за борба против шумските пожари – експертиза родена од се поголемото чувство на неопходност.

Само оваа година, речиси 30 отсто повеќе копно гореше ширум Европа споредбено со дваесетгодишниот годишен просек; во Грција тој број скокна на 83 отсто над просекот.

Минатата година канадерите испуштија повеќе од 153 милиони литри вода на италијанска територија и се изборија со 2.200 пожари.

Само во јули оваа година, пилотите на канадери извршија речиси 800 часа работа.

Командантот Фини вели дека иако најголемиот дел од работата за пилотите се случува во лето, поладните месеци – во кои пилотите имаат малку пауза – се всушност клучни.

„Ја користиме зимата за да се подготвиме за најлошото“, вели тој.

Користејќи податоци и дневници на авијатичарите од претходниот лет, командантот Фини посочува дека неговите пилоти „го проучуваат однесувањето на огнот, ги усовршуваат методите и учат од примерите од минатата година: што можевме да направиме подобро?

„Ја кроиме својата обука во склад со тоа, така што секоја година сме малку подобро подготвени“, истакнува Фини.

Пилотите, на крајот на краиштата, мора совршено добро да ги познаваат временските прилики. Тие проценуваат дали морето е доволно мирно за да му дозволи на авионот да собере вода и ја проучуваат флората во дадената област.

„Кога знаеме каква врста на зеленило го разгорува огнот, како и типот на земјиштето на кое тоа гори, тоа многу ни помага да разбереме како и кон каде ќе се проширува огнот“, вели Фини.

Нема простор за импровизација.

Ако не успеат да ја проучат конфигурацијата на теренот или насоката на ветровите, на пример, тоа може да ги одведе пилотите во „тесен простор“ и каде можат да навлезат во густ чад и пепел, што потенцијално ќе им го „замати“ погледот.

Смртоносна опасност за нив се и ниските далноводи, како и запалените врвови на дрвата.

Потоа, се разбира, тука се и човечки фактори на ризик.

„Посебно внимание посветуваме на степенот на исцрпеност на пилотите кои мораат да работат во многу напнати услови, во тешко опкружување многу денови“, вели командантот Фини.

Тој посочи дека неговата компанија вработува нутриционисти кои работат со пилотите и дизајнираат план за оброци за да се осигураат дека тие ќе имаат најдобар резултат за време на долгите, топли работни денови.

Ништо не се препушта на случајноста – дури и ѓоновите на чевлите на пилотите се мазни наместо ребрести за да спречи камчиња да влетаат во моторот откако ќе се заглават во нив.

Но, понекогаш сите подготовки на светот не се доволни, како што многу добро знае и командантот Фини.

Вели дека еден од „најлошите моменти“ во неговиот живот се случил пред осум години на италијанскиот остров Сардинија, каде огновите „голтаат“ стотици илјади хектари годишно.

Тој управувал еден од шесте канадери кои го поминале денот обидувајќи се да изгаснат огромен шумски пожар при силен ветар.

„Огнената стихија беше толку агресивна што, се сеќавам, му кажав на копилотот дека се чувствувам како да фрламе гориво на пламенот наместо вода, затоа што огнот само растеше“, вели тој.

Кога се вратил во хотелот таа вечер, ги вклучил вестите и открил дека две лица во областа која ја гаснеле цел ден загинале во пожарот.

„Не спиев цела ноќ. Се чувствував како сè да е залудно“, вели тој.

Луѓе загинаа во пожари и ова лето.

Во време кога пожарникарите успеаја да го запрат огромниот пожар во Синисио, во близина на Палермо, огнот веќе однесе два животи: телата на една постара двојка беа пронајдени во јагленосана куќа.

Градоначалничката Арфусо вели дека минатата недела локалното население поминало „долги, застрашувачки ноќи, обидувајќи се да се справат со огнот додека чекале да се раздени“, за да им помогнат канадерите, кои не можат да летаат ноќе.

„Тврдам дека шумските пожари се величествени непријатели и дека пилотите на канадерите заслужуваат восхит“.

Но, командантот Фини не се согласува со тоа.

„Ние не сме храбри херои. Ние сме професионалци“, вели тој. Ние знаеме што можеме, а што не можеме. Подготвени сме да се соочиме со пожари бидејќи темелно ги проучуваме“, истакнува тој.

И додека европските лета стануваат се пожешки, канадерите ќе продолжат да полетуваат, а нивните пилоти да летаат кон она од што повеќето луѓе бегаат.

„Заштитата на земјата и луѓето е повеќе од нашиот професионален квалитет. Тоа е она што пилотите на канадерите го прават. Тоа ни е во крвта“, дециден е Фини.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: Би-Би-Си на српски јазик)

авион актуелно Грција италија канадер Медитеран оган пилот пожар Сицилија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.