Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во ковид-центрите на Интерните клиники ќе бидат испратени дополнителен број лекари
Скопје

Во ковид-центрите на Интерните клиники ќе бидат испратени дополнителен број лекари

декември 10, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За 24 часа од компликации од Ковид-19 починаа 46 лица во државава, од кои најголем број – 19 се од Скопје. Регистрирани се 504 нови случаи од направени 1470 тестирања и 731 оздравен пациенти, се наведува во вчерашниот извештај на Министерството за здравство.

Вкупниот број позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1376, а околу 160 празни болнички кревети има во ковид – центрите.

Третманот на болните, состојбата со капацитетите на ковид–центрите и ротациите со персонал беа теми на вчерашната средба на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на Интерните клиники.

– На состанокот се разгледуваше состојбата за достапност на болничка терапија за ковид-пациентите кои се хоспитализирани. И покрај зголемената побарувачка на одреден број лекови, доставата на терапиите оди тековно и нема застој. За некои лекови кои се користат во болниците, потрошувачката е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но потребните колични се испорачуваат и нема недостиг од лекови. Во моментов има доволно слободни места на Интерните клиники, се следи состојбата со бројот и приемот на пациенти и доколку се појави потреба, ќе се отворат дополнителни капацитети за згрижување ковид-пациенти, соопштија од Министерството за здравство.

Посочија дека во сите ковид центри на Интерните клиники ќе бидат испратени дополнителен број лекари.

Министерот Филипче вчера се сретна со претставничката на УНИЦЕФ во државава, Патриција Ди Џовани, со која разговарале за набавката на ковид вакцини преку Ковакс механизмот и улогата на УНИЦЕФ во тој процес.

Ди Џовани од име на УНИЦЕФ ги предочила предностите од учеството на оваа организација во носењето на вакцината од производителите до нашата држава, како што е транспорт, шпедиција, обезбедување на дозволи за транзит, се што значи логистичка поддршка како и обезбедување на „Студен синџир“ за безбедна достава на вакцините во државата. Министерот Филипче рекол дека ги препознава предностите и дека истите ќе ги земе предвид кога ќе се одлучува кој ќе ја врши доставата на вакцините до нашата држава.

Вкупната бројка ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 69954, бројката на оздравени пациенти е 46352, на починати е 2023, а бројот на активни случаи изнесува 21579.

„Ковид – центри“ актуелно Интерни клиники лекари
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.