Во Либија се тргува со луѓе

Мигранти од западна Африка отворено се купуваат и продаваат како робови во Либија на пазарите за луѓе, предупредува Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Зафричките мигранти кои препуштени на милост и немилост на криумчарите со луѓе и претходно на хуманитарните организации им пријавуваа изнуда, присилна работа и насилство кое што над нив се врши. Меѓутоа, новите сведоштва укажуваат на драматично влошување на состојбата: трговијата со луѓе станува вообичаена појава и се спроведува јавно.

robovi 3

 

Пазари со робје и приватни затвори

„Последниот извештај за ’пазарите со робови’ во Либија можат да се додадат на долгата листа на срамни работи. Состојбата е грозна“, изјави Мохамед Абдикер, началникот за операции и вонредни состојби при ИОМ за „Гардијан“.

Оваа северноафриканска и медитеранска земја, во која воените судири со прекини траат од 2011 година, стана главна транзитна зона за мигранти од Африка. А, токму тие, често без пари и лични документи, се меѓу главните жртви на хаосот и насилството.

Еден 34-годишен мигрант од Сенегал посведочил дека со автобус преку Сахара во организација на криумчарите со луѓе стасал во градот Саба на југот на Либија. Според планот, од таму тој и другите мигранти требало да бидат префрлени до брегот, од каде пак имале намера со брод да се упатат кон Европа. Но, возачот им соопштил дека посредникот не платил за превозот и така, сите до еден, ги однел на продажба на пазарот со робје.

robovi

„Луѓето од автобусот биле донесени на плоштад, каде што се одвива своеврсна трговија со робје. Локалните Арапи ги купувале субсахарските мигранти“, потврдила раководителката на канцеларијата на ИОМ во Нигерија, Силвиа Мананте.

 

Криумчарите бараат откупнина, тие кои не плаќаат ги убиваат

Сведоштвото на преживеаниот Сенегалец потврдено е со искази на други мигранти во Нигерија и во Европа. Тие ги опишале пазарите со луѓе и приватните затвори низ Либија во кои биле затворени.

„ИОМ Италија потврди дека оваа приказна е слична со приказните на многу мигранти кои се интервјуирани на дојдовните точки во јужна Италија“, наведува Мантанте.

LookOut Magazine n. 5 - maggio 2014

Сенегалецот бил одведен во импровизиран затвор во кој мигрантите биле присилени да работат без плата, за бедни оброци, додека нивните чувари често ги повикувале нивните роднини и од нив барале откупнина. За него барале 450 евра, односни 300 илјади западноафрикански франци. Кога бил преместен во друг затвор, откупнината без објаснување му била двојно зголемена.

На луѓето на кои никој не можел да им плати откупнина биле одведени од таму и ликвидирани, тврди сведокот. Други, пак, умирале од изнемоштеност, изгладнетост и болести, но нови затвореници стално доаѓале.

Бидејќи течно зборувал англиски, француски и некои од локалните јазици, Сенегалецот преведувал за своите „газди“ и така за себе купувал време додека неговото семејство очајнички собирало пари за да го откупат.

 

Состојбата се полоша, мигранти се повеќе

Шефот на мисијата на ИОМ во Нигерија, Џузепе Лобрете, наведува дека организирале враќање на 1.500 африкански мигранти во првите три месеци од 2017 година, што е речиси еднакво на истиот период во 2015-та, кога мигрантската криза го достигна врвот.

robovi 2

„Состојбата во Либија се влошува, така што мислам дека можеме да очекуваме повеќе (мигранти кои завршуваат како робови) во следните месеци, предупредува Лобрете.

ИОМ работи на ширење на свеста во повеќе држави во Африка за опасностите од илегалната миграција.

Иако многу луѓе знаат колку патувањето преку Средоземното море е ризично, малкумина сфаќаат дека уште поголема опасност ги чека пред тие да се качат во чамците.