Во Лондон уапсен руски олигарх

LinkSense.mk

Полицајци кои истражуваат потенцијални криминални активности на олигарси уапсија богат руски бизнисмен во неговата куќа во Лондон вредна повеќе милиони фунти.

Неименуваниот 58-годишен маж во четвртокот го приведе Националната агенција за криминал на Велика Британија (NCA) заради сомнение дека сторил кривични дела, меѓу кои и перење пари, измама и лажно сведочење.

Истовремено, приведен е и 35-годишен маж кој работи во неговата резиденција. Тој е уапсен за перење пари и попречување на службено лице во работата.

Уапсен е и уште еден, трет, маж, триесет и деветгодишен, поранешен вереник на сегашната сопруга на бизнисменот. Тој се сомничи дека сторил перење пари и заговор за измама.

Агенцијата објави дека во операцијата спроведена во деловен кварт во Лондон биле вклучени повеќе од 50 службеници од Одделот за борба против клептократија. Од имотот на осомничениот, по извршениот претрес, се одземени голем број дигитални уреди и поголема сума пари.

Директорот на НЦА, Грем Бигар, рече дека „агенциската ќелија за борба против клептократијата, формирана оваа година, постигнала огромен успех во истрагата за потенцијални криминални активности на олигарси, како и на даватели на професионални услуги кои ги поддржуваат и им помагаат, и за оние кои се поврзани со рускипт режим. И понатаму ќе ги користиме сите можности и тактики што ни се достапни за да спречиме вакви закани“.

Сите тројца уапсени се пуштени на слобода со парична гаранција.

НЦА извести дека станува збор за последна операција спроведена како дел од напорите на таа организација да се спречат активности на корумпирани меѓународни деловни субјекти и нивни помагачи.

Спречени се речиси стотина криминални закани, кои се однесувале на руски елити поврзани со рускиот претседател Владимир Путин и нивните помагачи, меѓу кои се и наредбите за замрзнување на банкарски сметки на луѓе тесно поврзани со санкционираните Руси, објави НЦА.

Нашата ќелија истражуваше и презеде дискретни мерки против бројни припадници на елити кои директно влијаат на Обединетото кралство, а тоа го спроведуваше користејќи мали конвенционални рути кои се користат за прикривање на протокот на поголеми лични средства, како што е продажбата на уметнички работи и слични предмети од голема вредност преку аукциските куќи“, појаснија од Агенцијата.

На меѓународно ниво работата на НЦА придонесе да се замрзне сопственоста на некои исклучително скапи недвижности (осум јахти и четири авиони) и таа, во соработка со Канцеларијата за спроведување на финансиски санкции, продолжува со работа за да се загарантира замрзнување и на друга лична сопственост во Британија.

 

 

 

 

 

 

(Фото: ПА / Илустрација)