Во Мексико во два камиона пронајдени 600 мигранти

LinkSense.mk

Припадниците на безбедносните сили на Мексико спасија 600 мигранти пронајдени во два камиона во близина на пристанишниот град Коацакоалалкос, на југоистокот на државата.

Мексиканската служба за имиграција соопшти дека во приколките на двата камиона биле пронајдени 455 мажи и 145 жени.

Во соопштението се наведува и дека мигрантите се од 12 различни држави и дека повеќето се од соседна Гватемала.

Според мексиканските власти, меѓу мигрантите се државјани на Хондурас, Никарагва, Куба, Салвадор, Венецуела, Еквадор, Доминиканската Република, Бангладеш, Индија, Гана и Камерун.

Локалните медиуми јавија дека криумчарите на луѓе ги ставиле мигрантите во камионите на две нивоа.

Од Комисијата за човекови права на Мексико соопштија сека во групата имало трудници, деца и болни лица.

Уапсени се возачите на камионите.