Четири лица загинаа во судир на камион со мигранти и автобус на пат во североисточната мексиканска држава Нуево Леон, соопшти Националниот институт за миграција (ИНМ).
Несреќата се случила вчераутро во близина на градот Галеана, каде персоналот на институтот учествувал во спасувањето на мигрантите, заедно со Националната гарда, цивилната заштита и здравствените работници, се наведува во соопштението.
Од институтот наведоа дека се пронајдени три тела на луѓе кои патувале во камионот, а само една од загинатите имала документи за да може да се идентификува, а таа дошла од Хондурас.
Четвртиот убиен е мексикански државјанин, кој патувал како патник во автобусот, се наведува во соопштението.
Повредени се осум мигранти. Шест од нив се од Хондурас и по еден од Еквадор и Куба. Еден од повредените е 16-годишник од Хондурас. властите го зедоа притворот, а останатите ќе добијат хартии за „посетители од хуманитарни причини“.
Превозот на мигранти без документи со камиони или преполни автобуси е вообичаена практика на шверцерите.
Во февруари 17 лица загинаа, а 15 беа повредени кога се урна автобус со мигранти меѓу јужната мексиканска држава Оахака и централната држава Пуебла. Тој месец осум лица од Гватемала и еден од Хондурас загинаа во несреќата на минибусот што ги превезуваше во државата Нуево Леон.
ФОТО: ЕПА







