Во напад врз џамија во Кабул загинаа најмалку 10 лица

LinkSense.mk

Во бомбашки напад врз џамија во авганистанската престолнина Кабул за време на синоќешна молитва загинаа најмалку десетмина, вклучувајќи и свештеник, а повредени се 27 лица.

Меѓу повредените има и неколку деца.

Според очевидец, загинатиот свештеник е мула Амир Мохамед Кабули.

Како што појаснија жители на градскиот кварт Кер Кана, каде се наоѓа џамијата Сидикија, нападот го извршил бомбаш самоубиец.

Досега никој не презеде одговорност за нападот.

Локалниот огранок на екстремистичката група ИД ги засили нападите на талибанците и цивилите од нивното преземање на власта минатиот август, додека американс ките и трупите на НАТО беа во завршна фаза на повлекување од земјата.

Минатата недела, ИД презеде одговорност за убиството на истакнат талибански свештеник во неговиот верски центар.