Во Општина Центар сакционирани 130 возачи

Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на Општина Центар изрече вкупно 130 мерки од кои осум за возење без возачка дозвола, седум за нерегистрирани возила, седум за минување на затворен сигнал-црвено светло, 11 за зборување на мобилен телефон.

Како што соопшти МВР, засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.