Во престрелка во Белград ранети две лица, од кои едниот е 21-годишен македонски државјанин

LinkSense.mk

Две лица се ранети вчераноќ во Белград, на Врачар, од кои едното лице е 21-годишен македонски државјанин, за кој медиумите пишуваат дека бил случајно погоден.

После пукањето полицијата затекла една повредена особа на улицата „Максим Горки“, и второ повредено лице на блиската улица „Новопазарска“, кои биле пренесени во Ургентниот центар.

И додека за првото лице А.П (26) кое е рането со два куршуми во ногата, медиумите соопштија дека има криминално досие со 12 кривични пријави поради наркотици, оружје и разбојништво, за македонскиот државјанин Д.Л. кој е повреден во грбот, пишуваат дека најверојатно е случајна жртва.

„Ранетиот Д.Л., го донесе негов пријател на влез во соседната улица ‘Новопазарска’. Таму го тргнал и повикал полиција и брза помош. Тој и ранетиот другар се движеле од Његошева кон улицата ‘Максим Горки’, кога пред позната обложувалница дошло до пукање. Кога некако го донесе неговиот пријател до влезот, тој одеше и од мака се фаќаше за главата“, изјави соговорник за порталот „Мондо“.

Набрзо пристигнале Брзата помош и полицијата, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во автомобилот, на грбот биле видливи две крвави рани од куршуми. Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин навистина е случајно ранет или бил цел на напад.

Полицијата по тричасовна потера успеа да го приведе напаѓачот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор / Фото: МИА)