Во Сабота во Македонија ќе пристигне Светиот благодатен оган

На 1 мај, кога се празнува Велика Сабота, во Македонија ќе пристигне Светиот благодатен оган, соопшти Комисијата за односи со верските заедници.

Директорот на Комисијата, Даријан Сотировски, в сабота во Атина ќе го преземе огнот од грчката државно-црковна делегација која ќе го донесе од Ерусалим, каде речиси два милениума се симнува во пладневните часови во Христовиот гроб во црквата на Христовото Воскресение на Велика сабота.

По пристигнувањето на аеродромот во Скопје, Сотировски со претставници на православните епархии ќе појдат во резиденцијалниот манастир Св. Георгиј Победоносец во Скопје каде ќе му го предаде Светиот благодатен оган на неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

„Посакуваме убави празнични мигови на православните верници во татковината и ширум светот и потсетуваме на апелите за задолжително придржување до мерките за заштита од корона вирусот, со особен акцент задолжително носење на заштитна маска во храмовите и надвор од нив“, велат од Комисијата за односи со верските заедници.