Авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје против ларви од комарци ќе се изврши на 14 јули, во сабота, во раните утрински часови, а пак терестричната дезинсекција ќе се изврши два дена потоа, на 16 јули, во понеделник во текот на денот, соопштија денеска од Град Скопје.
Од прес-службата на Градот додаваат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, и тоа во истиот термин.
Град Скопје ги потсети пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.







