Во САД издаден првиот пасош на кој родот е означен со „Х“

LinkSense.mk

Соединетите Американски Држави објавија дека на лице кое себе си не се препознава во традиционалниот избор на „машко“ или „женско“ му издале пасош во кој има „нов“ род – „Х“. Ова, велат од Белата куќа, било во склад со ветувањата на претседателот Џо Бајден дека ќе води сметка за правата на сексуалните малцинства.

Стејт Департментот додаде ознака ‘Х’, за ‘родово небинарни луѓе, за интерполови лица’ и за сите оние кои не можат да се идентификуваат во рамки на досега предлаганите родови критериуми“, рече портпаролот на Бајден, Нед Прајс.

Новата можност ќе им се понуди на сите подносители за издавање на пасоши од почетокот на 2022 година“, посочи Прајс, истакнувајќи ја посветеноста на американската дипломатија за „промовирање на слободата, достоинството и еднаквоста на сите луѓе“.

Уште најмалку единаесет земји во светот, меѓу кои се Канада, Германија и Аргентина, но и Индија и Пакистан, нудат можност за избор на полот со „Х“ или „друго“ во своите пати исправи, се наведува во извештајот на меѓународната организација за родова за еднаквост со седиште во Лондон.

Американскиот државе секретар, Етони Бликен, уште во јуни годинава ги ублажи правилата, кога на граѓаните им овозможи сами да го одберат полот во зададените рубрики во пасошите.

Претходно лицата кои сакале да го запишат полот кој се не совпаѓал со податокот запишан во матичната книга на родени морале да достават лекарска потврда.

Демократот Џо Бајден најави дека приоритет ќе му бидат правата на сексуалните малцинства во светот и на тоа прашање се ангажирал повеќе од кого било од своите претходници, особено во споредба со Доналд Трамп.

Во времето на Трамп, додека државен секретар беше Мајк Помпео, на американските институции им беше строго забрането да истакнуваат знамиња со боите на виножитото, симболот на ЛГБТ заедницата.