Во Скопје вчера санкционирани 285 возачи, 33 без возачка дозвола

На територијата на Град Скопје вчера полицијата изрече 285 мерки, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 20 за возење под дејство на алкохол, 18 за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти МВР.

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се и 85 мерки за непрописно паркирање, а 18 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

За неносење на заштитна маска изречени се 22 санкции.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.