Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Комерцијална банка предупредува: Не отворајте сомнителни линкови и не внесувајте податоци

ноември 27, 2026

Градот Скопје ги повикува граѓаните да се вклучат во новогодишната манифестација „Украсуваме по скопски 2027“

ноември 27, 2026

Тошковски: Жртви на семејно насилство ќе можат да воспоставуваат видео повици со МВР и ЦУК

ноември 27, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Комерцијална банка предупредува: Не отворајте сомнителни линкови и не внесувајте податоци
  • Градот Скопје ги повикува граѓаните да се вклучат во новогодишната манифестација „Украсуваме по скопски 2027“
  • Тошковски: Жртви на семејно насилство ќе можат да воспоставуваат видео повици со МВР и ЦУК
  • Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид
  • Се зголемува бројот на заболени со грип, најмногу случаи во Скопје
  • Инстаграм воведува нова опција: За корекции имате само 15 минути од моментот на објавување да го уредите „сторито“
  • Повеќе од 200 предлози и препораки за програмата „Скопје 2028“
  • Олимписката шампионка стави крај на кариерата
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се зголемува бројот на заболени со грип, најмногу случаи во Скопје
Скопје

Се зголемува бројот на заболени со грип, најмногу случаи во Скопје

ноември 27, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бројот на заболени од грип и заболувања слични на грип во Македонија бележи пораст. Во периодот од 16 до 22 ноември биле пријавени 188 случаи, што е за 22,1 отсто повеќе во споредба со претходната недела, кога биле регистрирани 154 заболени, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Најмногу заболени во изминатата недела има во Скопје, каде се регистрирани 40 случаи, а потоа следуваат Куманово со 32, Дебар и Радовиш со по 17, Тетово со 13, Охрид и Прилеп со по 11 и Струга со 10 случаи.

Според возрасната структура, најголем број заболени се на возраст од 15 до 64 години, односно 113 лица. Регистрирани се и 29 заболени над 65 години, 28 деца на возраст од пет до 14 години и 18 деца до четиригодишна возраст.

Од ИЈЗ информираат дека активноста на грипот на национално ниво засега е ниска, но бројот на заболени е во пораст и во споредба со истиот период минатата година.

Од почетокот на сезоната 2026/2027, вкупно се пријавени 797 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е за 20,4 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата сезона.

Најголем кумулативен број заболени има во Тетово, со 211 случаи, додека највисока стапка на заболување е регистрирана во Радовиш.

Лабораториските анализи во извештајната недела потврдиле 17 позитивни примероци на грип. Од нив, 13 се од типот Influenza A – несубтипизиран, а четири се Influenza A(H1)pdm09. Дополнително, регистрирани се и шест позитивни резултати на коронавирус, додека нема потврдени случаи на респираторниот синцицијален вирус (RSV).

Вакцинацијата против сезонски грип започна на 21 октомври. Според податоците на ИЈЗ, досега со бесплатни вакцини се имунизирани 33.594 лица од ризичните категории на населението. Заинтересираните граѓани можат да закажат вакцинација преку веб-страницата vakcinacija.mk.

Иако активноста на грипот сè уште е на ниско сезонско ниво, од ИЈЗ забележуваат зголемување на бројот на заболени и регионална распространетост на вирусот.

актуелно број грип зголемен случаи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Градот Скопје ги повикува граѓаните да се вклучат во новогодишната манифестација „Украсуваме по скопски 2027“

ноември 27, 2026

Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид

ноември 27, 2026

Инстаграм воведува нова опција: За корекции имате само 15 минути од моментот на објавување да го уредите „сторито“

ноември 27, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.