Во Скопје 246 санкционирани возачи, 25 биле без дозвола

– На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 246 мерки.

Како што соопштија денеска од МВР, 25 мерки се изречени само за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 мерки за некористење на сигурносен појас, а 11 за претовар.

За недавање првенство на минување на пешаци изречени се седум мерки, шест прекршоци за пешаци, 68 мерки за непрописно паркирање и 47 возила се подигнати со „пајак“.

За неносење заштитна маска, стои во соопштението, изречени се 44 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.