Во Црна Гора денеска се одржува натпревар во лежење

Во црногорското етно-село „Монтенегро“, оддалечено 34 километри од Никшиќ, и оваа година се организиран натпревар во лежење. Според организаторите, овој јубилеен, десетти по ред, натпревар ќе се одржи денеска.

Наградата за победникот е 300 евра.

„Првата награда изнесува 300 евра. Правилата се исти: Уживање, спиење, читање книги, јадење, пиење, се е дозволено освен станување“, се наведува во известувањето објавено на Фејсбук.

Оваа година, правилата се малку изменети, така што на учесниците ќе им биде дозволено да одат во тоалет на секои осум часа.

 

 

МИА