Во Јапонија за една недела поради горештините починаа 57 луѓе

– Во изминатите седум дена поради високите температури во Јапонија починаа 57 лица, а хоспитализирани се 18.347
луѓе, соопштија денеска јапонските власти.
Тоа е најголем број хоспитализирани лица од 2008 година, од кога се води
евиденција.
Од 18,347 хоспитализирани луѓе 729 се со симптоми за кои е потребно
лекување повеќе од три недели, додека 6.548 имаат сериозни проблеми и
потребно е пократко лекување.
Од лицата кои побарале лекарска помош 54,3 проценти се постари од 65
години. Исто така најголем број на хоспитализирани лица поради
горештините се во Токио. ми/