„Врати кон неоткриеното“ – нова книга на Јован Стрезовски

Во издание на „Солсонс“ од Скопје излезе од печат книгата „Врати кон неоткриеното“ од писателот Јован Стрезовски.

На страниците од своето најново дело, познатиот писател застапува двеста лирски записи, поделени во три тематски целини.

Јован Стрезовски е автор на десет поетски книги, на шест книги со раскази и на осум романи.

Според негово сценарио е снимен антологискиот игран филм „Време води“.

За своето богато творештво Стрезовски е добитник на наградите „11 Октомври“, „Стале попов“, „Книжевен жезол“, „Ацо Шопов“ и „Державин“.