Времето денеска променливо облачно со привремени врнежи дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено
претпладне.

Во источните делови на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, попладне променливо облачно.

Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во следните денови се очекува период на претежно стабилно време, освен во среда кога во јужните делови ќе има услови за локален дожд.