Времето денеска сончево и потопло, попладне дожд

LinkSense.mk

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.

Во западните делови повремено ќе биде значително облачно, а попладне и кон
крајот на денот ќе има услови за локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.