ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со слаб ветер

LinkSense.mk

Во западните делови денес че биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови, пак, ќе преовладува облачно време со пообилни врнежи од дожд, на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Ќе дува слаб променлив ветер.

Во Скопје ќе биде облачно со слаб локален дожд. Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 7°C, а максимумот од 3 до 9°C.

Утринава најстудено беше на Попова Шапка, Маврово и Лазарополе, каде беа измерени два степени Целзиусови под нулата, 1 степен беше во Берово, 2 во Крушево, 3 во Претор, 4 во Скопје, Тетово, Охрид и Крива Паланка, 5 во Куманово, 6 во Прилеп, 7 во Битола и Гевгелија, 8 во Штип и Струмица и 10 во Демир Капија и Дојран.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Демир Капија, 19 литри на метар квадратен, 15 во Маврово, 9 во Охрид, 8 во Претор, 7 на Попова Шапка, 3 во Берово, 2 во Битола, Тетово и Гевгелија и само еден литар на метар квадратен во Струмица.

Висината на снежна покривка измерена во 7 часот на Попова Шапка беше 60 сантиметри, 10 во Маврови Анови, 8 во Лазарополе и 3 во Пожаране.