Времето облачно и топло

LinkSense.mk

Во земјава времето ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 19 степени.

Како што најавува УХМР, до четврток ќе преовладува умерено до значително облачно време. Во вторник ќе има појава на слаб локален дожд и ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура, особено од среда.

Кон крајот на неделата ќе биде поведро, па ќе се намали и утринската температура.