Времето облачно со услови за дожд и снег

LinkSense.mk

Најниската минимална температура утрово била измерена во Берово од -7 степени, -5 степени се измерени на Попова Шапка, -4 во Крива Паланка, Битола, -3 во Прилеп, -2 Лазарополе, Крушево, Струмица, -1 во Тетово, Маврови Анови, Виница, 0 степени во Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Охрид, Гевгелија, Кавадарци, 1 степен во Штип, Дојран, 2 во Демир Капија, Куманово, Велес, 3 во Претор и Дебар.

Времето денеска ќе биде облачно, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд.

Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд.

Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне 6 степени.