Времето сончево и топло, за викендот температури над 35 степени

LinkSense.mk

Сончево и топло, за викендот температури над 35 степениh Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје и околината слично време со минимална температура до 15 и максимална до 32 степени.

Од Управата за хидрометеоролшки работи информираат дека од петок се очекува топол бран со температури над 35 степени.

„Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран. Од петок, дневните температури на повеќе места ќе бидат над 35 степени, најавуваат синоптичарите.

 

 

МИА