Вчера аплицирани 13.628 вакцини против Ковид-19

Прва доза вакцина против Ковид-19 вчера примиле 10.940 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13.628 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 310.384 граѓани, вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини, а ревакцинирани се 219.061 граѓани.

Според Министерството за здравство, со последните бројки 52 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49 отсто од граѓаните над 65 години се вакцинирани со барем една доза вакцина и 42 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 466.451 граѓани. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, велат од Министерството и апелираат граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи, нагласуваат, тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.