Галопирачки раст на заразени од корона во Франција

Короната во Франција не паѓа под котата 30. Во петокот повторно имаше повеќе од 30 илјади новозаразени – вкупно 32.340 лица.

Исто така, за еден ден бројот на починати од ковид се зголеми за 332 заболени. Од тоа, во болниците во петокот умреа 305 луѓе, а во старските домови од вторникот до петок 27. Близу сто отсто од жителите во домовите за стари во Франција добија барем по една вакцина.

На болничко лекување од корона вирусот моментно се наоѓаат 30.438 лица. За еден ден, хоспитализирани се 1.932 нови заболени. Од тој број, на реанимација се 5.962 лица.

За 24 часа на интензивна нега примени се 436 луѓе.

 

(Фото: АП)