Гвардиола најави крај на кариерата

Тренерот на фудбалерите на Манчестер сити, Пеп Гвардиола рече дека се приближува кон крајот на кариерата и призна дека неговиот сегашен клуб е последен во кој би можел да работи.

Сити во понеделникот го победи Барнли со 2:1, а Гвардиола во интервју за Ен-Би-Си изјави дека почнал да го планира завршувањето на тренерската кариера.

„Сакам да размислувам дека следниот чекор може да биде подобар. Ако не биде, мене тамо нема да ме има. Чуствувам дека почна процесот на моето заминување. Нема да бидам тренер со 60 или 65 години. Договорот со Манчестер сити е на три години, можеби ќе биде и подолг, но се приближувам кон крајот на кариерата како тренер, сигурен сум во тоа“, дециден е Гвардиола.

Шпанскиот тренер со Барселона освои три титули и на два пати ја освои Лига на шампиони, а со Баерн беше три пати едно по друго прв во Бундеслигата, за ова лето да го превземе Манчестер сити од Мануел Пелегрини.

Тренерот одби да ги објасни причините за завршување на кариерата, но секој одговор се сведе на „Затоа што така одлучив“.