Генерална проба за парадата во Москва

После неколку проби одржани во текот на ноќта, денес учесниците на парадата, од војниците до воениот оркестар, излегоа на Црвениот плоштад на последна подготовка.

Во вторник, со голема парада нма која би требало да присуствува рускиот претседател Владимир Путин, како и голем број гости од странство, Русија ја одбележува 72-годишнината од победата во Втората светска војна.

parada 2

Покрај Москва, паради ќе бидат организирани во вкупно 26 градови ширум Русија.

И оваа година, на парадата ќе биде прикажано руското воено достигнување, а се очекува дека руското Министерство за одбрана, исто така, ќе ја претстави својата најнова арктичка воена опрема.

Повеќе од 378.000 луѓе од неколку владини агенции и служби работат на обезбедување на парадата по повод Денот на победата во Москва, соопшти Министерството за вонредна состојба на Русија.

„Речиси 400 илјади лица и 100 илјади парчиња опрема се вклучени во напорите да се обезбеди настанот, вклучувајќи и 47 илјади лица и 13.500 парчиња опрема од Министерството за вонредна состојба на Русија“, се наведува во соопштението.