Герила пречек на Груевски во Прилеп и Битола

Вчера прво прилепските, а потоа битолските социјалдемократи му приредија, како што велат, „достоен и заслужен“ пречек на Никола Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на пратеници во 4 изборна единица во Прилеп, на пладне, го дочека транспарент на кој пишуваше: „Шутка не ти бега Никола“ #ЗатворЗаКриминалците, и токму кога поминуваше крај транспарентот на разглас ечеше разговор меѓу него и Миле Јанакиески како договараат провизија од кинеска компанија.

bitola-precek-2

Вечерта, пак, во Битола, со платно закачено на надвозник на влезот во градот со текст: „ВМРО-ДПМНЕ одете Халкидики, Битола не ве сака“, битолчани му посакаа добредојде на лидерот ВМРО-ДПМНЕ.

bitola-precek-1

Извесно време потоа, за време на митингот и говорот на Никола Груевски, на зграда близу бината беше поставено платно со текст „Реално ќе си лежите“.