Германија го поддржува „Отворен Балкан“

Премиерот на Албанија, Еди Рама, е воодушевен од ставот на официјален Берлин, за поддршката што стигнува од германската влада за иницијативата „Отворен Балкан и што од таму повикуваат на потпишување на спогодбата за заеднички регионален пазар пред Самитот ЕИ – Балкан на 6 октомври оваа година.

Прекрасно! Германската влада го поддржува ‘Отворен Балкан’, спротивно на тоа што на луѓето во Приштина и Тирана им зборуваат оние кои не прашуваат за Америка, и не само тоа, туку бараат и итно потпишување на спогодбата, пред Самитот ЕУ – Балкан…“, наведе Рама во неговата објава на Твитер.

Тој, меѓу другото, нагласи дека вратата на „Отворен Балкан“ е отворена, но дека не може да се чека на оние кои не сакаат да сфатат дека тоа е патот кон иднината, алудирајќи на албанските политичари од Косово кои се противат на таа иницијатива.

 

 

(Фото: АП)