Германија независно од ЕУ ќе преговара за набавка на „Спутник В“

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, денеска соопшти дека Германија, во билатерални разговори со Русија, без разлика на позицијата на Европската унија, ќе обезбеди купување на вакцината „Спутник В“.

Им соопштив на моите колеги од Европската унија, откако Европската комисија синоќа одлучи дека нема да потпише договор за испорака на вакцината „Спутник В“, дека Германија билатерално ќе преговара за оваа вакцина, рече Шпан за ВДР.

Министерот, истовремено, кажа дека Русија мора прво да исполни два услова. Едниот е поврзан со испораката на дополнителни податоци до Европската агенција за лекови (ЕМА), за „Спутник В“ да може да добие дозвола за употреба во Европската унија.

Вториот услов се однесува на брзината на испораката на вакцината.