Германија пред избори: Анкетите покажуваат водство на Шолц

На еден и пол месец пред парламентарните избори во Германија истражувањето на Институтот за испитување на јавното мнение Инса покажува дека владеачката ЦДУ/ЦСУ се повеќе ја губи довербата на граѓаните, а најшокантен за унионистите е податокот дега Германците го поддржуваат кандидатот за канцелар на Социјалдемократската партија (СПД), Олаф Шолц, а не нивниот Армин Лашет.

ЦДУ/ЦСУ моментно може да смета на само 26 отсто од гласовите, што е пад од еден отсто во споредба со минатата недела, објави германскиот „Билд ам Зонтаг“.

СПД успеа да го поправи својот рејтунг на 18 отсто, за еден повеќе од претходната недела и со тоа стигна на иста поддршка која ја имаат Зелените.

Слободарската партија (ФДП) изгуби еден отсто и моментно би освоила 12 отсто од гласовите, а десничарската Алтернетива за Германија (АфД) се наоѓа константно на 11 проценти.

Левица (Ди Линке) се поправа и моментно може да смета на седум отсто од гласовите.

Кога станува збор за кандидатите за канцелар и нивната популарност, актуелниот министер за финансии Шолц би освоил, ако е возможен директен избор за шеф на владата, 27 отсто од гласовите.

Кандидатот на ЦДУ/ЦСУ Лашет ја ужива довербата на само 14 отсто од граѓаните, а кандидатката на Зелените, Аналена Баербок, 13 отсто.

Интересно е дека 36 отсто од граѓаните рекле дека, кога канцеларот би се избирал директно, својот глас не би го дале за ниту еден од тројцата кандидати.