Германија ќе „испрати“ 54.000 мигранти

Германската влада ќе финансира оваа година враќање во татковината за повеќе од 54.000 мигранти, вклучувајќи ги и оние на кои им е одбиено барањето за азил, со што е отворен патот за значително зголемување на доброволни заминувања.

Властите во Берлин сакаат да го зголемат бројот на мигранти, чии барања за добивање азил се одбиени, кои заминуваат од Германија, после минатогодишниот прилив на 890.000 мигранти.

Според зборовите на портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи Хералд Нојманс, вкупните средства одобрени за оние што ќе се заминат изнесуваат 21,5 милиони евра.

Нојманс изјави дека во 2015 година околу 35.000 мигранти на кои им е одбиено барањето за азил доброволно ја напуштија Германија, наведувајќи дека доброволните заминувања секогаш се подобри од депортација.