Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Германските градежници во големи проблеми
Градежништво

Германските градежници во големи проблеми

април 23, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претставниците на градежниот сектор во Германија очекуваат значителни проблеми во наредниот период.

„Следната година мораме да сметаме на значителни тешкотии во градежниот сектор како резултат на застојот од пандемијата, недостатокот на материјали и новите случувања предизвикани од војната во Украина“, рече Ханс Маер, директор на Баварската асоцијација за изградба на станови.

Според едно истражување 90 отсто од градежните изведувачи се жалат на наглото зголемување на цените на материјалите, а 80 отсто на недостиг на градежни материјали.

Многу претприемачи не се осмелуваат да склучат нови зделки поради непредвидливиот раст на цените. Со оглед на тоа што цените на објектите се договараат пред почетокот на работата, многумина, според анкетата, стравуваат од сериозни финансиски проблеми во случај на поскапување на материјалите.

Претставниците на градежната индустрија сметаат дека ветувањето на новата социјалдемократско-зелено-либерална влада за изградба на 400.000 станови годишно е „под голем знак прашалник“.

„На новиот пазар на станови се разви вистинска бура, а најголем фактор е недостатокот на градежни материјали“, рече Аксел Гедешко, директор на Германското здружение за домување.

Како една од причините заради кои целта за изградба на нови станови по пристапни цени е неостварлива, според мислењето на претставниците од градежниот сектор е донесувањето на нови, построги, климатски услови за новаградбите.

„Ова ја прави изградбата значително поскапа, а за изградбата да се исплати, претприемачите мора подоцна да бараат од своите станари зголемени кирии, што не е владина цел“, рече Јан-Марко Лучак, портпарол на парламентарниот клуб на опозициската ЦДУ/ЦСУ, за прашањето за изградбата на станови.

Проблемот со недостигот на материјали не ја погодува само високоградбата, туку и нискоградбата, бидејќи освен челичните елементи за армирање како и дрвото и алуминиумот, недостига и асфалт за изградба на патишта.

Во моментов се работи на промена на уредбата, која ќе им овозможи на градежните компании последователно да ја зголемат конечната цена во случај на пораст на цената на материјалите. Но, тоа би се однесувало само на договори каде што договорен орган е државата.

Проблемот со недостигот на квалификувана работна сила беше намален за време на пандемијата поради помалиот обем на работа, но состојбата може повторно да се влоши во иднина, покажуваат податоците на Германското здружение за градежништво.

актуелно германија градежништво пандемија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.