Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Германските медиуми за дебаклот против Јапонија: „Ова не е вистина!“
Фудбал

Германските медиуми за дебаклот против Јапонија: „Ова не е вистина!“

ноември 24, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сензациите на Светското фудбалско првенство во Катар продолжија и вчера. Откако Саудиска Арабија ја шокираше Аргентина со 2:1 (0:1), со идентичен резултат Јапонија ден подоцна славеше во дуелот против Германија.

Спортските медиуми во Германија на нож го дочекаа неуспехот на националната селекција, а повеќето од нив за овој дебакл го обвинуваат селекторот Флик.

Германија со пораз ја заврши групната фаза на Светското првенство во Русија, а на ист начин продолжи и во Катар. Вкупно, ова е трет пораз во четирите последни натпревари од групните фази на Мундијалите за четирикратниот светски првак.

Илкај Гундоган ги доведе Германците во водство од пенал во 33. минута, но Јапонија подоцна направи пресврт со головите на Рицу Доан во 75. и на некогашниот напаѓач на Партизан, Такума Асана, во 83. минута за конечни 2:1.

„Билд“: „Ова не е вистина!“

„Дебакл на Германија на стартот на Мундијалот“ е наслов на текстот што весникот „Билд“ го започнува со израз на неверување: „Ова не е вистина! Бламажа на Германија на стартот на Мундијалот. Загуби со 2:1 од аутсајдерот Јапонија иако имаше водство. Дебаклот потсетува на горчливиот турнир во Русија во 2018 година, кога Германија беше елиминирана по групната фаза. Горкото сознание е дека Германија нема само проблем во нападот, туку и во одбраната, која делува разнишано. Полна е со дупки и се губат многу топки. Фудбалска Германија стравува пред натпреварот со Шпанија, во недела. По поразот од Јапонија, мечот против Шпанија ќе биде како да се игра финале“, пишува Билд.

Инаку, Шпанија само после половина час го реши прашањето на победникот против Костарика.

„Кикер“: „Кога реагираше селекторот стана уште полошо“

“И покрај водството, Германија го расипа почетокот на Светското првенство. Исто како и во 2018 година против Мексико, Германија го загуби првиот натпревар на Мундијалот. Елф не беше беспрекорен, но Јапонците во првото полувреме не се заканија. Селекторот Флик реагираше кон крајот на мечот, уфрлувајќи ги во игра Геце и Фулкруг, но тоа не само што не помогна, туку стана уште полошо. Германија сега е под притисок“, објави Кикер и потсетува дека пораз од Шпанија во второто коло би значело и збогување со Светско првенство.

„Скај Спорт“: Флик со скаменет израз на лицето

“Ханси Флик седеше на клупата со скаменет израз на лицето, неговите упатства веќе немаа ефект. Германија со покривање на устата испрати порака, но Светското првенство започна со страшен пораз, исто како и во 2018 година. Германија после голот на Гундоган остана јалова поради што сега се под неверојатен притисок.

Ако на Германија може нешто да и се приговори, освен за лошата игра во одбраната, тоа е за отсуството на втор гол и покрај супериорноста и големиот број прилики. Се докажа дека против Јапонија не смее да се биде невнимателен“, заклучува „Скај Спорт“.

„Спорт1“: „Јапонија ја посрамоти Германија!“

„Шок на Мундијалот! Јапонија ја посрамоти Германија“, гласи насловот на „Спорт1“, а во текстот се вели: „Германија го расипа почетокот на Светското првенство. Јапонија ја шокираше Германија, која долго размислуваше и повторно потфрли пред голот“.

 

Германија и Шпанија играат во недела од 20 часот, додека претходно, во првиот натпревар од второто коло од групата „Е“, од 11 часот, ќе се сретнат Јапонија и Костарика.

 

 

 

 

 

 

(Фото: АП)

„Билд“ германија Јапонија Катар Мундијал
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири

ноември 3, 2026

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра

октомври 20, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.