Германски министер побара законски да се заштити правото на работа од дома и по пандемијата

epa08334824 Federal Minister of Labour and Social Affairs of Germany Hubertus Heil at a press conference on the situation of the labour market regarding the impact of the corona crisis, Berlin, Germany, 31 March 2020. Countries around the world are taking increased measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease. EPA-EFE/Christian Marquardt / POOL

Германскиoт министер за труд Хубертус Хајл најави дека ќе предложи закон со кој ќе се заштити правото на работа од дома и по завршување на пандемијата со Ковид-19, доколку постојат технички услови за тоа.

– Можноста да работи од дома треба да ја има секој кој сака и на кого работата му го дозволува тоа и по завршување на пандемијата со коронавирусот. Сакаме да овозможиме работа од дома во голема мера, а не на сила, посочи Хајл.

Тој додаде дека луѓето би можеле да избираат дали постојано ќе работат од дома или еднаш или двапати неделно.

Хајл истакна дека на есен ќе се обиде да издејствува усвојување на таков закон.

Во Германија според првичните процени оние кои работат од дома се зголемил од 12 на 25 проценти (околу осум милиони луѓе) за време на пандемијата со Ковид-19.

Владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД), чиј член е и Хајл, уште во декември, пред пандемијата, побара да се воведе правото за работа од дома. Но, предлогот беше отфрлен од Конфедерацијата на здруженија на германските работодавачи.