Гермаци уапсени во Ровињ: Со скриена камера снимале голи деца

LinkSense.mk

Полициски службеници привеле двајца германски државјани кои со рачно изработена камера снимале голи деца во камп на подрачјето на Ровињ, соопшти денеска хрватската полиција.

Како што се наведува, полицијата спровела истрага над двајца германски државјани, на возраст од 48 и 79 години, поради сомнение дека сториле кривично дело искористување на деца за порнографија.

Во саботата гости на камп во околината на Ровињ забележале сомнително однесување на двајцата мажи и веднаш го известиле обезбедувањето кое повикало полиција, се вели во соопштението.

Полицајците ги уапсиле двете лица заради сомнение дека снимале голи деца на базен и во воден парк и по наредба на надлежен суд извршиле претрес во нивното возило.

При претресот, полициските службеници кај германските државјани пронашле и одзеле рачно изработен апарат за снимање, лаптоп, камера, МП3 плеер, четири мобилни телефони, седум УСБ стикови и други предмети.

Во текот на истрагата било утврдено дека двајцата мажи во торба која личела на пренослив ладилник ставиле рачно изработен уред за снимање и на тој начин снимале голи деца.