Шефот на државата Стево Пендаровски денеска ќе го одржи своето годишно обраќање пред пратениците во Собранието на Македонија.
Обраќањето на Пендаровски е единствената точка на дневниот ред на 96. пленарна седница закажана за 11.00 часот во сала „Македонија“.
Настанот ќе се пренесува во живо на фејсбук-профилот и јутјуб-каналот на претседателот.
Претседателот на државата традиционално секоја година одржува говор пред пратениците пред крајот на календарската година во кое изнесува свои ставови во врска со актуелните случувања во земјата и светот.
Неговото обраќање е во период кога земјава се соочува со тешка економска криза поради војната во Украина и во пресрет на евентуалните уставни измени следната година и внесување на бугарското малцинство, што е услов Македонија да ја започне втората фаза од преговорите со Европската Унија.
(Фото: „Дојче Веле“)







