Големи судири во Ерусалим, на Храмовна гора

Полицијата денеска одлучи да им забрани на Евреите да влезат во подрачјето Храмновна гора во Ерусалим, а беше подготвена и да разгледа дали да ја дозволи планираната парада на израелските националисти, и покрај предупредувањето од безбедносните сили дека „маршот на знамињата“ може да доведе до понатамошни ескалации на насилство, пренесува „Тајмс“ од Израел, додавајќи дека почнаа нереди.

Големи судири почнаа од утринава на Храмовна гора, кога полицијата упадна во тоа подрачје после што илјадници Палестинци се собраа таму вчеравечер, а за тоа време се „вооружија“ со камења и разно рачно направено оружје.

Полицијата по нападот веднаш одговори со шок бомби, а десетици демонстранти фрлаа со камења од Храмовна гора, на патот јужно од комплексот, со што го блокираа патот, но никој не е повреден, ниту е направена материјална штета.

Во неделата навечер во жестоките пресметки меѓу палестинските демонстранти и израелската полиција најмалку 25 лица беа повредени и 23 уапсени.

Храмова гора е свето место и за Израелците и за Палестинците.

На ова место се наоѓа џамијата Ал-Акса, третото најсвето место во исламот, е Евреите го почитуваат како свое најсвето место, каде што биле двата библиски храмови, додава „Тајмс“.

„После безбедносната проценка која неодамна ја донесовме, одлучивме во овој момент да не дозволиме посета на Храмовна гора“, наведе полицијата во денешното соопштение, а забраната се однесува и за влезот на Евреите.

(Фото: МИА)