Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонските граѓани имаат предрасуди за сексуална ориентација и родовиот идентитет
Македонија

Македонските граѓани имаат предрасуди за сексуална ориентација и родовиот идентитет

декември 13, 2019Updated:декември 16, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Голем процент од македонските граѓани се уште имаат предрасуди врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

Истражувањето на Институтот за човекови права покажува дека има зголемување на нетолеранцијата, нетрпеливоста и социјалната дистанца кон лицата со различна сексуална ориентација и родов идентитет, а дури 80 отсто сметаат дека хомосексуалноста е болест.

Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Стразбур и претседател на Институтот за човекови права истакна дека во земјава многу малку се почитуваат човековите права во оваа насока.

„Она што е симптоматично е дека и нема многу предмети по бројност, дали пред Комисијата за заштита од дискриминација, дали пред судовите, пред Уставниот суд, па и пред правобранителот, за да може да се каже дека луѓето се освестиле и си ги бараат своите права. Тоа е првиот проблем, вториот проблем веројатно е се уште неприфаќањето на тој дел на популацијата од страна на пошироката јавност. Реакциите не се добри во насока на прифаќање. Реакциите не се само во насока на заштита на човековите права, туку во насока дека нема ниту едукација, ниту
перцепција за овој проблем, за да може тој проблем пошириоко да се третира“, вели Цаца Николовска.

Таа смета дека постои страв кај тие луѓе да ја презентираат својата ориентација од многу различни аспекти и оти некои се напаѓани, некои физички, некои вербално, едноставно, според неа, не се прифаќа постоењето на таа категорија кон која не смее да се има таков однос.

Цаца Николовска оценува дека треба многу да се работи на едукација на населението, „по однос на постоењето на дискриминацијата, по однос на постоењето на таква категорија, по однос на прифаќање на истите во едно општество“.

„И во реализацијата на овој проект, многу малку луѓе се осмелуваа да кажат и да се презентираат со различна сексуална ориентација, да бараат помош, да се борат и самите и заедно со останатите чинители. Законот за спречување и заштита од дискриминација постои, се боревме многу за основата сексуална ориентација и родов идентитет да биде ставен во законот, тоа успеавме да го направиме“, рече таа.

Марија Димитровска од Девелопмнет солушнс, кои го работеа истражувањето за Институтот за човекови права, вели дека меѓу луѓето во земјава постојат дискриминаторски ставови, особено во поглед на лицата со алтернативна сексуална и родова ориентација.

„Резултатите покажуваат дека прво не би имале ништо против дискриминацијата да биде забранета по основа на сексуална ориентација и родов идентитет, меѓутоа кога станува збор за интимните ставови на испитаниците се гледа голема дистанца, нетрпеливост, па и хомофобни ставови“, рече Димитровска.

Таа нагласи дека истражувањето е реализирано во два циклуси, во април и во октомври, и тоа покажува дека има влошување на состојбата во период од шест месеци меѓу двете анкети, како и значително намалување на поддршката за одредбите од новиот закон за спречување и заштита од дискриминација.

„Генерално се намалува поддршката за учество на хомосексуални и трансродови лица во јавната сфера, односно да бидат политичари и лекари да работат со деца, да работат како наставници, таа поддршка и во првиот циклус не беше многу голема, меѓутоа има тенденција на намалување“, појаснува таа.

Димитровска рече дека интимните ставови на испитаниците остануваат непроменети, генерално избегнуваат и немаат многу контакти со такви лица, избегнуваат да ги имаат како колеги на работа и да ги имаат во своите приватни животи, а постојат и силни предрасуди кон овие групи на лица.

„Овие предрасуди се зголемуваат во периодот на двата циклуси, што значи дека различни фактори меѓу кои и образованието, медиумите, различни општествени члинители, имаат големо влијание врз тоа какви ставови имаат нашите граѓани за овие прашања. Возраста и местото на живеење исто така е важна за ставовите кон овие лица. Лицата со повисоко образование кои живеат во урбани средини и кои се помлади имаат и многу потолерантни ставови кон овие лица и повеќе ги прифаќаат
во својот секојдневен живот“, рече Димитровска.

Катрин Фруинсфелд од Германската амбасада изрази жалење дека дискриминацијата по родова основа во земјава се уште е прилично присутна, бидејќи обичните луѓе се уште не веруваат дека припадниците на ЛГБТИ популацијата се обични луѓе, како што сме ние и дека треба да ги уживаат истите права.

„Во Европа постојат 14 земји во кои ЛГБТИ луѓето се уште немаат исти права како и сите останати граѓани, така што може да кажеме дека Северна Македонија, како и другите држави што се во овој регион доцнат со овие случувања, меѓутоа не сте единствени во тоа“, вели таа.

Фруинсфелд смета дека е добро што е донесен Закон за спречување и заштита од дискриминација, но потребно е и негово спроведување, а уште поважно од носењето закони е подигањето на свеста меѓу обичните луѓе и мора да се работи на тоа дополнително.

„Целото општество треба да ги прифати овие луѓе како еднакви“, додаде Фруинсфелд од германската амбасада.

актуелно македонски граѓани предрасуди
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.